Хероите вечно живеат

Р. Македонија 31.56 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма за хероите од с.Ваташа, борци во НОБ, македонските револуционери: СТРАШО ПИНЏУР, ДИМКАТА АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ и 12-те МЛАДИНЦИ од с.Ваташа.
За животот и делото на македонскиот револуционер, првоборец, комунистички деец и народен херој, Страшо Пинџур, зборува Ристо Трајков. Роден е 1915 год. во Струмица. Детството го поминал кај својата баба во с. Ваташа. По завршување на основно училиште оди во гимназија во Кавадарци па потоа во Крагуевац, каде почнува со својата револуционерна дејност. Образованието го продолжил во Белград. Член е на Покраинскиот комитет, Главниот штаб на Македонија. По долго и тешко мачење Страшо Пинџур е застрелан од страна на бугарските фашисти во 1943 година.
Димката Ангелов Габерот е роден 1916 г. во с.Ваташа. Тој му бил сосед, другар и соборец на Страшо Пинџур. Член на КПЈ, политички комесар, борец во НОБ, кој се одликувал со голема храброст и решителност. Завршил учителска школа во Неготин Краина. Една година поминал како илегалец, но бил многу активен. Одел на состаноци и во базите на партизанските одреди. Загинал во борба против бугарскиот окупатор 1943 година.
Во третиот дел се зборува за крвавиот настан што се случил 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци од с. Ваташа. Масакрот го извршила бугарската војска и полиција. За овој грозоморен чин зборуваат роднини на стреланите младинци, пред споменикот изграден во нивна чест.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.