Човекот во филмската камера

Италија, Македонија 2017 31 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Марчело е младо момче кое работи на реставрација на стари филмови. Колку оргиналниот негатив е повеќе оштетен, предизвикот за работа кај Марчело е поголем. По успешно завршената работа на стар филм со Софија Лорен, му даваат нови материјали за работа, „Железничарот“ од Пјетро Џерми. Марчело е многу ревносен во својата работа, работи со љубов и целиот се внесува во дадената задача. Тој дури и на својата девојка Барбара постојано ѝ кажува што работи. На најновит филм на кој работи, во позадина на една снимка, забележува сенка на човек. Сенката ја забележува само Марчело. Тој токлу се окупира со ликот што почнува да го сонува и да го гледа насекаде околу себе и губи осет за реалноста.
Каде е границата во перцепцијата на реалноста и на филмското платно?

Напишано од Лидија Кировска

Директор на фотографија: Ецио Гамба Продуцент : Матиа Пулео Настапуваат : Паоло Трстино, Маурицио Мерли, Софи Кириакидоу, Роберта Кроле, Пјерлуиџи Фереро

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.