Чуден сон

Р. Македонија 2003 28,30 мин Колор Звук ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма за тоа дали легендите и преданијата се вистина или плод на народната фантазија. Емисијата е снимена во с. Бучин, радовишко и е исповед на Ахмет Јонуз за неговиот чуден сон.
Ахмет Јонуз е турчин од с.Бучин. Тој сонувал дека треба да изгради црква на место на старата црква. Во сонот му се јавува точната локација на црквата. Ахмет отишол на местото, копал и ги нашол остатоци од старата црква. Воден од сонот, сакал да ја обнови црквата, но не му било дозволено. Сепак тој верува дека откако го сонил сонот и ја нашол старата црква, животот многу му се подобрил.

Музичка илустрација: Ана Нетковска Спикер: Ружа Карајанова
Учествуваа: Ахмет Јонуз, Мејдан Јонуз и Исмаил Јонуз

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.