Јанѕа

Република Северна Македонија 2023 100 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Долгометражен играно-документарен филм, за животот и делото на Блаже Конески, академик, професор, писател и еден од кодификаторите на современиот македонски јазик. Филмот е снимен според мотивите на „Дневникот по многу години“ на Конески. Голем број на професори, академци и истражувачи од областа на лингвистиката и книжевноста, познавачи на делото на Блаже Конески, зборуваат за неговата големина како човек и за неговото значење за македонскиот литературен јазик. Како и за проблемите на кои наидувал од страна на власта и понижувањата од типот на „џуџето од Небрегово“.
Кадрите снимени  од неговото детство се црно-бели, прикажано е неговото родно село Небрегова и интелектот и љубовта кон пишаниот збор од најрана возраст. Во текот на филмот, во оф тон се слушаат извадоци од песните: „Патник“, „Снег“, „Везилка“, „Тешкото“, „Нож“, „Црква и др. Сите соговорници во филмот покрај генијалноста на Коневски и заслугата што ја има за македонскиот јазик и култура, ја истакнуваат и неговата весела природа и „заразното“ смеење пропратено со тресење на телото.

Напишано од Лидија Кировска

Конески како дете го игра Михаил Велјаноски. Соговорници: проф. д-р Људмил Спасов, проф.д-р.Венко Андоновски, проф.д-р Димитар Пандев, проф.д-р Весна Костовска, проф.д-р Александар Новик, Јасмина Шопова, академик Влада Урошевиќ, проф.д-р Вера Антиќ, проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, академик Катица Ќулафкова, проф.д-р Максим Каранфиловски, академик Марјан Марковски,проф.д-р Елка Јачева, асс. м-р Иван Антонов, академик Зузана Топољинска, академик Виктор Фридман и Стево Пендаровски–Председател на Р.С.Македонија Постхумано: академик Матеја Матевски, академик Славко Јаневски, н.сов.д-р Трајко Стаматоски и проф.д-р Снежана Велковска Антевска Користени материјали од: Архива на Кинотека на С.Македонија , МРТВ, Архива на МАНУ, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и др.
Филмот е снимен со подршка од Агенција за филм на Р.С.Македонија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.