Љубовната соба

Република Северна Македонија 2018 80 мин Колор Звук Документарен филм Дигитална технологија

Приказна за двајца осуденици, Милан и Даниел, кои казната затвор ја издржуваат во казнено поправната установа„ Идризово“ во Скопје. Милан Зарубица е осуден на 13 години затвор за производство и трговија со наркотични средства. Даниел Илиевски е осуден на 11 години затвор за разбојништво. Нивните сопруги Оливера и Љупка, редовно ги посетуваат во затворот. Во затворот има една просторија, соба 3, таканаречена „љубовна соба“, каде сопружниците се гледаат. Синот на Милан е мал и мајка му често го носи во посета кај татко му. Децата на Даниел не знаат дека нивниот татко е во затвор. Тие мислат дека е на работа.

Директор на фотографија Фејми Даут
Организатор на снимање Стоилковиќ Горан
Продуцент Диневски Сузана

Други соработници : Извршен продуцент — Владимир Стојчевски Менаџер на продукција — Горан Стојилковиќ Композитор — Дуке Бојаџиев Прв асистент на режија/супервизор на монтажа — Николче Поповски Секретар на режија — Трифун Ситниковски Превод на англиски — Тања Диневска Титлување — Александар Трајковски
Учесници: Даниел Илиевски, Круме Илиевски, Љупка Илиевска, Клара Илиевска, Андреј Илиевски, Михаил Илиевски, Милан Зарубица, Оливера Зарубица, Филип Зарубица, Предраг Нишавиќ и Спасе Најдов

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.