
Кинотеката на Р.С. Македонија, во соработка со Гете-Институт Скопје и „Бич филм фестивал“, организираше еднодневна презентација и работилница посветена на филмското образование, како дел од европскиот проект ФилмЕД (FilmED).
Настанот се одржа на 24 јули 2025 година, со почеток во 18:00 часот, на бродот Армада во Охрид, во рамките на фестивалот.
Целта на настанот беше да поттикне отворена дискусија и размена на искуства на тема „Филмот како образовна алатка во работата со млади и во училиштата“ во Р.С Македонија и поширокиот регион. Во рамки на презентацијата се одржа и разговор со гости на фестивалот и експерти од областа на филмското образование, кои споделија примери на добри практики, предизвици и потенцијали за интегрирање на филмот во формалното и неформалното образование. Говорници беа Дамјана Патчева, филмолог во Кинотеката, Саша Станишиќ, координатор на Филмската училница во рамки на ФилмЕД проектот, Ана Опачиќ, директорка на Бич филм фестивал, Кристина Стефановска од Гете Институт-Скопје.
Настанот беше поврзан со платформата https://film-ed.eu, која нуди иновативни методологии и ресурси за работа со ученици преку филм.


