Димоски Михаило

(Ресен, 15.11.1941 – Скопје, 11.11.1979) Етномузиколог, прв школуван етнокореолог.
Завршил Музичка академија во Белград, на Одделот за музички фолклор, во 1967 година. Во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ се вработува во 1968 година. Се посветил на етнокореолошките истражувања и собирачката дејност на македонските народни ора. Во периодот од 1971 до 1979, како истражувач на народните ора во Институтот, со 8мм. камера и со магнетофон снимил 47 видео записи од различни предели на Македонија како и од неколку реномирани фолклорни фестивали. За жал, сочувани се само 24 видео записи, кои се со многу лош квалитет, поради дотрајаноста и оштетеноста од несоодветното чување на филмските ленти.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.