(Скопје, 11.05.1963 – ) Во 1989 дипломира сликарство и дизајн на костим на Академијата за ликовни уметности. Од 1981 до 1985 работи во Вардар Филм, во студиото за анимиран филм, како цртач и дизајнер. Од 1985 до 2000, како слободен уметник, работи дизајн на костими на играни филмови, музички спотови, како и театарски претстави за театрите во Македонија. Во периодот од 1989 до 1995 раководи со сопствена уметничка галерија и се занимава со изработка на ликовни дела и рачни изработки од керамика, дрво, стакло. Од 2000 до 2005 работи како костимограф во МРТВ. Работи како слободен уметник, костимограф.
2005 КАРАУЛА, асс. костимограф 2004 КАКО УБИВ СВЕТЕЦ, консултант костимограф 1996 САРАЕВО, асс. костимограф