Митрев Константин Коце

(Штип, 30.07.1935 – ) ТВ репортер, новинар, снимател и фотограф.
Од 1955 година работи како дописник на ТВ Скопје.
Митрев е и филмски и театарски режисер, сценарист и актер. Првиот фотоапарат го купува во 1950, а во 1957 година и првата филмска камера, со која во 1959 година го снима својот прв филм. Во 1960 година го формира првиот кино-клуб во Штип „Македонка“, кој во 1961 го преименува во „Манаки“. Неколку години бил и актер во театарот „Иван Зајц“ во Риека, како и во Народниот театар во Штип, каде во 1963 година ја режира претставата „Мандрагола“.
Добитник е на повеќе награди и признанија.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.