Стојанова Милица

(Крива Паланка, 06.06.1932 – ) Театарска, филмска и телевизиска актерка. Во 1953 година ја завршува Државната театарска школа во Скопје. Пред да стане членка на Драмата на Македонскиот народен театар кратко време работеше во Радио-драмата на Радио Скопје. До 1964 година работи во Македонскиот народен театар, а потоа станува членка на Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија – на највисоката Републичка награда „11 Октомври“, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Два пати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.