(Скопје, 1945 – ) Филмски и телевизиски снимател. Средно образование завршува во Скопје. Од 1965 година се вработува во „Вардар филм“ како асистент снимател (волонтер) во филмот „До победата и по неа“. По овој филм следуваат бројни играни и документарни остварувања. Од 1985 година па до денес, работи како снимател во Македонската радио-телевизија во Скопје. Во 1982 година на Фестивалот за документарен и краткометражен филм во Белград добитник е на диплома за најдобра камера за документарниот филм ХУАСКАРАН-АНДИ (1982).
1984 ФЈДКФ Белград, Специјална диплома за снимателска работа / „Хуаскаран-Анди 82“
1980, ВРЕМЕ ВОДИ, шарфер, игран, Вардар филм, Македонија филм
1981, ЦРВЕНИОТ КОЊ, асистент снимател, игран, Вардар филм, Македонија филм
1982, ЈУЖНА ПАТЕКА, шарфер, игран, Вардар филм