Тозија Вардан

(Скопје, 1981 – ) Студира на Факултетот за Драмски уметности, отсек Филмска и ТВ режија. Претходно студирал правни и политички науки на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Работи како режисер и асистент на режија на голем број кратки и документарни филмови. Работел и како новинар/уредник на културната редакција во неделниот магазин Актуел, фестивалскиот билтен на ИФФК Браќа Манаки и студентското списание Визија.

2004 Право на различност, ТВ документарен, режија 2003 Боби, краток документарен филм, режија и сценарио 2003 Чекајќи го Годо, краток игран филм, режија и сценарио

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.