Урдин Киро

(Струмица, 1945 – ) Македонски сликар. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 работел како новинар, но подоцна студирал на Академијата за уметност во Париз, Франција. Од страна на „Академијата на филмот“ во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на „Струшките вечери на поезијата“. Од 1984 година работi како слободен уметник во повеќе земји, како Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини и Тајван. Има реализирани неколку документарни филмови.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.