Хазири Лулзим

(с. Речане, Гостивар, октомври 1962 – ) Работи како новинар и активист за човекови права.
Првата поетска збирка „Песната се раѓа во самотија“ ја објавил во 1989 година. Во 2017 година објавена е неговата стихозбирка, преведена на македонски јазик, „Кога љубовта се троши како креда“, од издавачката куќа „Готен“ Скопје. Освен поезија, објавува и раскази, додека во 2000 година, издавачка куќа „Скопје“, ја објави неговата книга со записи за рок музиката „Албански рокенрол!“. Неговите песни се преведени на англиски, фиснки, француски, романски, хрватски и македонски јазик.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.