Билал Салаетин

(Скопје, 19.03.1942 – Скопје, 10.05.2018) Театарски, филмски и телевизиски актер. Студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станува член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. За своето актерско умеење е награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година доби награда за најдобра споредна улога. Два пати е добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ – прогласен е за Актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ – Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.