Гапо Ивановски Бранко

(Тетово, 5.11.1931 – Скопје, 18.11.2008) Филмски, телевизиски и театарски режисер. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје. Со филм започнува да се занимава уште во најраната младост, како филмски аматер. Веќе во педесеттите години, како професионалец ги снима своите први документарни филмови (Скопски магазин, Фабрика за цигари, Огрев, Птиците доаѓаат, Граница и др.), по што следува богат опус од документарни и кратки играни филмови. Во овој период е соработник на повеќе режисери и како асистент на режија работи со Франце Штиглиц и Димитрие Османли, а исто така и со А. Ганц и Вилијам Дитерле. Во 1965 година го снима својот прв игран филм ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ, а веќе 1969 година играниот филм ВРЕМЕ БЕЗ ВОЈНА му ја донесува Наградата за режија на филмскиот фестивал во Пула, Сребрената плакета на фестивалот во Авелино и републичката награда 11 Октомври. Гапо, исто така, има забележителни телевизиски и театарски режии. Добитник е на Наградата 11 Октомври за животно дело и за долгогодишни особено значајни остварувања во областа на културата и уметноста (1997). Живее во Скопје.

1962 ФЈДКФ, Белград, Трета награда за режија / „Граница“ 1964 Прва меѓународна смотра на фолклорни и етнографски филмови на балканските народи, Почесна диплома / „Последни номади“ 1969 ФФ, Загреб, Диплома / „Животот во рацете на секундата“ 1969 ФЈИФ, Пула, Специјална диплома за режија / „Време без војна“ 1970 Награда 13 НОЕМВРИ / „Време без војна“ 1972 МФФ, Авелино, Сребрен медал / „Време без војна“ 1976 ФЈИФ, Пула, Голема сребрена арена за филм / „Најдолгиот пат“

1956 V ПАРТИЗАНСКИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА, режија, документарен, Зора филм Загреб 1963 ПАРИ ВО БАРИТЕ, сценарио, режија, документарен, Дунав филм Белград 1964 ЛУЃЕ ПОД СУВАТА ПЛАНИНА, сценарио, режија, документарен, Загреб филм 1974 БИЗАНТ, сценарио, режија, документарен, Адриа филм Загреб 1988 ПЛАСТИКА, режија, документарен, Вардар филм 1994 АСНОМ, режија, документарен, Вардар филм

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.