(Скопје, 03.02.1938 – Скопје, 04.12.1995) Сликар, аниматор и режисер. Дипломира на Академијата за ликовни уметности во Белград, а анимација специјализира во Загреб. Од 1963 до 1968 за Телевизија Скопје реализира повеќе анимирани емисии за деца. Автор е на првиот македонски анимиран филм ЕМБРИО Но.М. Во своите анимации користи сложена техника на изведување, а во некои филмови комбинира анимирани и документарни секвенци. Се занимава и со изработка на стрипови. Наградуван е на фестивалите во: Белград, Оберхаузен, Берлин, Анеси и Њујорк. Тој е еден од водечките претставници на македонската современа анимација.
1971 ФЈДКФ, Белград, специјална диплома за режија на анимиран филм / „Ембрио Но. М“ 1977 МФФ, Анеси, Прва специјална награда / „Феникс“ 1977 ФЈДКФ, Белград, Златен медал-Београд / „Адам“ 1979 МФФ, Берлин, Сребрена мечка / „Феникс“ 1982 ФЈДКФ, Белград, специјална повелба за пионерска и креативна работа на полето на анимацијата