Грозданов Мите

(Струмица, 14.12.1943 – Скопје, 25.11.2018) Театарски, филмски и телевизиски актер. По завршувањето на Театарската академија во Белград во 1967 година, Мите Грозданов станува член на Драмскиот театар во Скопје. Само една година подоцна, во 1968, е добитник на високото југословенско признание „Златен ловоров венец“ што се доделува на Фестивалот на малите и екпериментални сцени во Сараево. Добитник е и на Наградата на „Млад борец“, а награден е и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, и со Сребрена плакета на Фестивалот на монодрамата во Земун. Во 1984 година е прогласен за актер на годината според анкетата на ревијата „Екран“.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.