Иванова Катина

(Скопје, 1.06.1951 – Скопје, 10.08.2023) Театарска, филмска и телевизиска актерка.
Дипломирала на отсекот за драмски актери, на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. Член е на ансамблот на драмата на Македонскиот народен театар од 1979 година. Снимила повеќе ТВ филмови и серии, како и десетина долгометражни филмови, доживувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал. Во 1998 година е добитник на Наградата што ја доделува часописот „Екран“ за улогата во филмот „Џипси меџик“. За своите многубројни актерски театарски и филмски остварувања, добила повеќе награди во Македонија и во странство.

БАНОВИЌ СТРАХИЊА, актер, игран, Авала филм, Јадран филм, Neue Tele – Contact
ДРЖАВА НА МРТВИТЕ, актер, игран, Комуна, Делфин филм – Белград

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.