Манев Коле

(Бапчор, Костурско, Егејска Македонија, 05.04.1941 – Скопје, 22.01.2025) Познат македонски сликар и филмски работник.
Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.