(Скопје, 2. 1.1924 – Скопје, 27.4.2000) Доајен на филмската камера во Македонија. Се образувал во Првата машка гимназија во родниот град, а потоа го совладува фотографскиот занает. Во 1947 г. се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје. Освен како снимател, се појавува и како режисер на неколку документарни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Голем златен медал за камера на Југословенскиот фестивал на документарен и кусометражен филм во Белград (1967), Награда за животно дело – Златна плакета Милтон Манаки и др.
1955 ФЈИФ, Пула, Плакета од „Вјесник у среду“ и градот Пула / „Волча ноќ“ 1965 Јубилејна плакета по повод 20 годишнината на југословенскиот филм 1966 Орден на трудот со сребрен венец 1967 ФЈДКФ, Белград, Златен медал – Белград за снимателска работа / „Не“ и „Екселенције“ 1969 ФЈДКФ, Белград, парична награда за снимателска работа доделена од Орво филм и Дојче камера / „Едно раѓање“ и „Скендербег“ 1973 Собранието на град Скопје по повод 10 години од земјотресот, Повелба за континуирано филмско документирање на обновата и изградбата на Скопје 1994 Советот на фестивалот „Браќа Манаки“, Доајен на фестивалот
1963 ЧЕТВРТА СТРАНА (ČTVRTA STRANA), снимател, документарен, Дунав филм Белград 1963 ПАРИ ВО БАРИТЕ (PARE U BARAMA), снимател, документарен, Дунав филм Белград 1964 ЛУЃЕ ПОД СУВА ПЛАНИНА (LJUDI POD SUVOM PLANINOM), снимател, документарен, Загреб филм 1966 ЕКСЕЛЕНЦИИ (EKSELENCIJE), снимател, документарен, Покраински културно-прппаганден центар Приштина 1968 СКЕНДЕРБЕГ (SKENDEBEY), снимател, документарен, Покраински културно-пропаганден центар Приштина 1969 ЕДНО РАЃАЊЕ (NJE LINDJE), снимател, документарен, Космет филм Приштина 1971 СМИРУВАЊЕ НА КРВТА (UMIR KRVI), директор на фотографија, игран, Косово филм Приштина 1975 ВОИНИ (LUFTETARE), снимател, документарен, Косово филм Приштина 1982 ТАЈНА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, снимател, документарен, Јадран филм Загреб