Муратовски Рубенс

(Скопје, 1971 – ) Македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во 1996 година, а од 2000 година работи во Драмски театар – Скопје. Настапува уште од најрани години, во детските серии „Белото циганче“ и „Булки крај шините“. Во текот на годините, како студент а и потоа, остварил забележителни главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и на сите други театарски сцени во државата.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.