Недков Кочо

(Скопје, 1924 – Скопје, 18.10.2004) Филмски режисер, сценарист и снимател, доајен на македонската документаристика. Средно образование завршува во родниот град. За време на Втората светска војна работи во киното на неговото семејство. Во 1948 година се враборува во претпријатието „Филмско“, а уште истата година, од самото формирање, работи во продуцентската куќа „Вардар филм“, каде што останува сè до пензионирањето. Освен во документарни, учествува и во реализацијата на неколку македонски играни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Сребрен медал за режија на 23-тиот фестивал на Југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград (1976) за филмот КАЈАК 75, Наградата Климент Охридски (1977), како највисоко признание од областа на културно-просветната дејност.

1950 Одликуван со Указ на Владата на НРМ / „Народна техника“ 1959 ФЈДКФ Белград, Втора награда за сценарио / „Прилеп вчера и денес“ 1966 ФЈДКФ Белград, Диплома за идеја и режија / „Насмевнете се, молам“ 1967 Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда со Указ на Претседателот на СФРЈ 1970 МФФ, Лајпциг, диплома / „Свилен конец“ 1976 ФЈДКФ Белград, Сребрен медал Белград за режија / „Кајак ’75“ 1976 ФФ, Крањ, Бронзен Триглав / „Шестиот играч“ 1976 ФЈДКФ Беолград, Награда на СОФК на Србија за најдобар филм на спортска тематика / „Шестиот играч“ 1976 13 Ноември, награда на град Скопје, за режија / „Кајак ’75“ и „Шестиот играч“ 1977 Климент Охридски, Највисоко општествено признание за достигнувања во културно-просветна дејност 1982 МФФ, Оберхаузен, Специјална плакета / „Огнена бригада“ 1982 МФФ, Лајпциг, Голема диплома и Јубилејна плакета / „Огнена бригада“ 1991 ФЈДКФ, Белград, Диплома, / „Рибите на Охридското езеро“

1959 МАКЕДОНИЈА, ко-сценарио, ко-режија, документарен, УФУС, Документарен филм Прага 1986 ФЕНИ, режија, документарен-нарачателен, Вардар филм 1987 ВОДОСТОПАНСТВО, режија, документарен-нарачателен, Вардар филм

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.