(Скопје,1938 – Скопје, 18.10.2018) Филмски работник – снимател. Со филмска дејност професионално се занимава од 1959 година. Од 1969 до 1997 година работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје. Покрај својата снимателска дејност, во сферата на македонскиот документарен филм соработува и во реализацијата на десетина играни филмови во продукција на „Вардар филм“ и во уште толку во странска продукција. За своето снимателско умеење, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна плакета за најдобра камера за филмот ЈАЗОЛ на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола (1985), додека филмовите ТУЛГЕШ и ЛИКВИДАТОР, во чијашто реализација учествува, се добитници на Гран при на Фестивалот на документарен и кусометражен филм во Белград.
1985 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Најдобра камера и Златна плакета „Милтон Манаки“ / „Јазол“
1972 КАКО ДА СЕ УМРЕ (KAKO UMRETI), шарфер, игран, Косово филм Приштина