(Скопје, 30.9.1931 – Скопје, 12.11.2009) Филмски работник – еден од филмските сниматели-доајени во Македонија. По завршувањето на средното образование, во 1948 година се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ во Скопје, каде што останува сè до пензионирањето, односно до 1992 г. За својата снимателска дејност, добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои: две златни арени за најдобра камера на Филмскиот фестивал на југословенскиот филм во Пула (1972 и 1981) за филмовите ИСТРЕЛ и ОЛОВНА БРИГАДА, пет златни медали на Мартовскиот фестивал на документарен и кусометражен филм во Белград, Награда за најдобра камера на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Награда „13 Ноември“ на градот Скопје, републичката награда „11 Октомври“ и на други награди и признанија.
1963 ФЈДКФ Белград, Златна плакета за камера / „Граница“
1972 ФЈИФ Пула, Златна арена за најдобра камера / „Истрел“
1973 13 Ноември – Нагарда на град Скопје / „Истрел“
1974 ФЈДКФ Белград, Златен медал – Белград за камера / „Оган“ и „Рацин“
1974 11 Октомври – Републичка награда / „Оган“
1979 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за најдобра камера / „Дае“ и „Глава“
1980 ФЈИФ Пула, Златна арена за камера / „Оловна бригада“
1985 ФФ, Тузла, Награда за камера / „Полноќни танцувачи“
1986 ФФ „Милтон Манаки“ Битола, Златна плакета „Милтон Манаки“ / „Среќна нова ’49“
1991 ФФ „Милтон Манаки“ Битола, Сребрена плакета „Милтон Манаки“ / „Тетовирање“
1959 ДУБРОВСКИ, II асистент на камера, игран, Вардар филм-Скопје, Хеспериа филм-Рим
1962 ДР, асистент снимател, игран, Авала филм Белград
1964 ПО ТРАГИЧНОТО УТРО, снимател, документарен, Дунав филм Белград
1964 СТО ДЕНА, снимател, документарен, Дунав филм Белград
1987 ОБИЧЕН ДЕН (OBIČAN DAN), директор на фотографија, игран, Форум Сараево
1988 МАРИЈА, директор на фотографија, документарен, Форум Сараево