Сидовски Стефан

(Скопје, 03.10.1946 – Скопје, 04.07.2019) Мајстор на аматерскиот филм.
Добитник на плакетата на УНИКА. Работел како професор по философија. Со аматерски филм се занимава од 1965 година. Во 1967 година станал член на скопскиот киноклуб „Камера 300“, а подоцна својата активност ја продолжил во Академскиот кино клуб.

Златна плакета за најдобар игран филм на Сојузниот фестивал во Панчево, 1968 година, за филмот „Најден дом“ (1968);
Златна плакета за игран филм на Сојузниот фестивал во Нови Сад, 1975 година, за филмот „Еден ден од дневникот на…“ (1974);
Гран при на Меѓуклупскиот фестивал НАИСУС во Ниш, 1977 година, за филмот „Копнеж“ (1976);
Златна плакета за игран филм на Сојузниот фестивал во Нови Сад, 1984 година, Златни плакети за филм и за режија на Републичкиот фестивал во Гевгелија, 1984 година, за филмот „Последни слики од мојот училишен живот“ (1984);
Гран при на Меѓународниот фестивал на документарен филм “Браќа Манаки” во Битола, 1985 година, за филмот „Напуштени воденици“ (1985);
Гран при на Сојузниот фестивал во Куманово, 1990 година, Златни плакети за филм, за сценарио и за режија на Републичкиот фестивал во Скопје, 1990 година, за филмот „Заштита на културните споменици во градскиот парк“ (1990);
Гран при и Златна плакета за режија на Републичкиот фестивал во Неготино, 1994 година, за филмот „Бивш социјалистички и сегашен капиталистички клошар“ (1994);
Златни плакети за филм и за режија на Републичкиот фестивал во Штип, 1998 година, за филмот „Пат кон оазата“ (1997).

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.