Теофиловски Ристо – Риџвеј

(Еховец, Кичевско, 3.4.1928 – ) Филмски работник. Од 1937 живее во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Учесник е во НОБ. Во 1947 за првпат се вработува во Првиот реонски комитет на КПМ. Од 1 август 1949 работи во „Вардар филм“, на работно место шеф на производство. Се истакнува во низа организаторски и продукциски задачи, за коишто се квалификува на курсевите во „Југославија филм“ во Белград и на практиката во „Триглав филм“ од Љубљана. Прекарот го добива за време на снимање, според името на американскиот генерал од Кореанската војна – Риџвеј. Кариерата, која покрај наведените филмографски единици вбројува и ангажман на филмови и на странски продукции и копродукции реализирани во Македонија („Дубровски“, „Капетан Леши“), ја завршува со пензионирањето во јуни 1983 година. Добитник е на повелби за учество во првите македонски играни филмови ФРОСИНА и ВОЛЧА НОЌ. Живее во Скопје.

1953 КОЈ Е КРИВ, организатор, документарен, Вардар филм 1953 ПОЖАР, организатор, документарен, Вардар филм 1964 СКОПЈЕ ’63, организатор, документарен, Вардар филм, Јадран филм Загреб 1965 ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1967 КАДЕ ПО ДОЖДОТ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1967 МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, водач на снимање, игран, Вардар филм 1967 МЕМЕНТО, водач на снимање, игран, Вардар филм 1968 ПЛАНИНАТА НА ГНЕВОТ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1969 ПО ТРАГИТЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО, организатор, документарен, Вардар филм 1969 РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН, водач на снимање, игран, Вардар филм 1970 ЦЕНАТА НА ГРАДОТ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1971 МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1971 ЦРНО СЕМЕ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1975 ЈАД, водач на снимање, игран, Вардар филм 1980 ВРЕМЕ ВОДИ, водач на снимање, игран, Вардар филм, Македонија филм 1987 ХМС ПЕЛАГОНИЈА, организатор, документарен, Вардар филм

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.