(Скопје, 1968 – ) Филмски работник – снимател. Се школува во Скопје и во Белград. Со филмска дејност започнува да се занимава како филмски аматер (за камерата во филмовите: ДВОР, НЕОБИЧЕН ДЕН, БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ и ВОДА ги добил највисоките признанија на домашните фестивали на аматерскиот филм). Снимател е на повеќе видео остварувања, меѓу кои се и: САБВЕЈ (1993), музичка андерграунд серија, наградена со Златна антена на фестивал во Бугарија, потоа видеоарт (1994), награден од Советот на Европа на фестивалот во Лукарно, Н.Е.П. (1995), долгометражен документарец, учесник во официјалната селекција на Лондонскиот филмски фестивал (1995). Бил директор на фотографијата на ТВ сериите К-15 (1996-98) и НАШЕ МААЛО (1999). Живее и работи во Скопје.
1994 ПРЕД ДОЖДОТ, втор асистент снимател, игран, Вардар филм, Polygram, Aim Production, Noe Production 1995 АНГЕЛИ НА ОТПАД, втор асистент снимател, игран, ТФРЗ Пегаз Скопје, Чаплајн филм Софија