(Воден, 04.04.1937 – Скопје, 23.07.2009) Филмски работник – монтажер, режисер и сценарист. Завршува средно стопанско училиште. Најпрво работи како лаборант на Земјоделско-шумарскиот факултет. Во 1959 година се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ како асистент. Освен како монтажер, работи и како режисер и сценарист на документарни филмови. Филмско усовршување стекнал на Вишата филмска школа, отсек монтажа. Како прв македонски монтажер на игран филм, дебитира во филмот „Македонска крвава свадба“ (1967). Во текот на своето долгогодишно работење реализирал и над 30 телевизиски документарни филмови, како сценарист, режисер и монтажер.
1975 ФЈДКФ, Белград, Награда за најуспешно филмско деби / „Крлук“ 1981 ФЈДКФ, Белград, Повелба за долгогодишен творечки придонес
1989 СЛОБОДА, сценарио, режија, монтажа, краток игран, Вардар филм 1989 ГРАНИЦА, сценарио, режија, монтажа, документарен, Вардар филм