(Скопје, 1960 – ) Дипломира на електротехничкиот факултет. Со филм се занимава од 1980 година. Од 1985 година работи како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година во продуцентскта куќа „Вардар филм“ – Скопје. Потоа, од 1992 година работи како надворешен соработник (програмски реализатор) на програмата на Радиомикс на Радио УНО. Еден од основачите и технички директор на Радио Антена 5 (1995 година), пришто учествува во реализацијата на сите радио и ТВ преноси на MTV Erope и Brit Awards. Учествува во реализацијата на документарни и играни филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, при што работи како монтажер на тон и тон снимател. Член е на Здружението на тонски сниматели на Македонија. Живее и работи во Скопје.
1986 СРЕЌНА НОВА ’49, соработник, игран, Вардар филм, Македонија филм, Градски кина Скопје, Унион филм Белград