(Скопје, 29.01.1933 – Скопје, 15.11.1999) Филмски работник – тон-снимател и тонски монтажер. Основно и средно-техничко образование завршува во родниот град. Во 1950 година почнува да работи во „Вардар филм“, каде што останува да работи сè до своето пензионирање во 1991 година. За професијата тон-снимател стручно се оспособува низ работата на филмовите што ги реализира младата македонска кинематографија, а потврда за својот квалитет добива на Фестивалот на југословенскиот документарен и кусометражен филм, Белград ’92, каде за тонска обработка на филмот „Огнена бригада“ е добитник на наградата Златен медал Белград. Неговата филмографија (127 единици) би била побогата доколку се земе предид неговиот ангажман како асистент тон-снимател во почетокот на македонското филмско производство и работата надвор од матичната институција „Вардар филм“.
1982 ФЈДКФ, Белград, Златен медал – Белград за најдобра тонска обработка / „Огнена бригада“