Мирчевски Петар

(Крушево, 11.11.1956 – ) Македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек глумечка игра. По дипломирањето во 1979 година, станал член на битолскиот театар. Тој е еден од најангажираните и најекспонирани глумци, не само во историјата на битолскиот театар, туку и пошироко во Македонија. Покрај настапите во својата матична куќа, Мирчевски бил чест гостин и на сцената во Прилеп.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.