(Велес, 22.06.1946 – Скопје, 05.03.2025) Филмски работник.
Со запишувањето на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград коинцидира и неговиот професионален ангажман на полето на кинематографијата, најпрвин со статус на слободен филмски работник, а подоцна наизменично како вработен во „Вардар филм“ и слободен филмски работник. Често работи на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија, а работи и за југословенски продуценти на повеќе филмски проекти (Шеќерна водичка, Полтрон…). Во „Вардар филм“ соработува на поголем број кратки, документарни и играни филмови кои на шпиците не го наведуваат неговото учество во продукцијата. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продуцентска куќа „Пегаз“, со којашто има реализирано неколку филмски проекти.
1972 ИСТРЕЛ, водач на снимање, игран, Филмско студио Скопје, Босна филм Сараево 1973 ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ ИРИНА), водач на снимање, игран, Филмско студио Скопје, Центар на ФРЗ Белград 1976 НАЈДОЛГИОТ ПАТ, водач на снимање, игран, Вардар филм 1977 ПРЕСУДА, водач на снимање, игран, Вардар филм 1977 ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА, водач на снимање, игран, Вардар филм, Македонија филм 1981 ЦРВЕНИОТ КОЊ, водач на снимање, игран, Вардар филм, Македонија филм 1997 ПРЕКУ ЕЗЕРОТО, учесник во екипа, игран, Вардар филм, Логос филм Полска 1997 ЏИПСИ МЕЏИК, менаџер на продукција, игран, Вардар филм, Триангл Скопје