(Скопје, 4.12.1924 – Скопје, 16.02.2015) Филмски работник, еден од филмските сниматели-доајени во Македонија. По завршувањето гимназија, се запишува на студии на Високата филмска школа во Белград. Одреден период поминува во „Јадран филм“ – Загреб и на студиски престој во Франција и Источна Германија. Од 1947 до 1983 година работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје, а потоа добива статус на слободен филмски работник. Во филмската продукција се појавува и како автор и коавтор на неколку филмски сценарија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена за камера во филмот ЈАД на Филмскиот фестивал во Пула (1975), Краковски змеј на Меѓународниот фестивал на кратки филмови во Краков (1979) за филмот ГОЛГОТА, Голема златна статуета Милтон Манаки за животно дело, Награда „13 Ноември“ на градот Скопје, републичката награда „11 Октомври“ и др.
1950 Одликување со Указ на Владата на НРМ / „Народна техника“ 1955 Јубилејна плакета по повод 10 годишнина на југословенската кинематографија 1955 ФЈИФ, Пула, „Вјесник у среду“ и градот Пула доделуваат плакета / „Волча ноќ“ 1965 Јубилејна плакета по повод 20 годишнината на југословенската кинематографија 1970 Републичка награда 11 Октомври за снимателска работа / „Време без војна“ 1975 13 Ноември – награда на градот Скопје / „Јад“ 1980 ФЈДКФ, Белград, повелба „Милтон Манаки“ за посебни заслуги и траен придонес 1988 Советот на фестивалот „Милтон Манаки“, Битола, Голема златна статуетка „Милтон Манаки“ за траен придонес во развојот на македонското и југословенското снимателско творештво
1962 ПРЕСМЕТКА, директор на фотографија, игран, Авала филм Белград 1963 НЕВЕСИЊСКА ПУШКА, директор на фотографија, игран, Јадран филм Загреб 1972 КАКО ДА СЕ УМРЕ (KAKO UMRETI) директор на фотографија, игран, Косово филм Приштина