Ангеловски Шишман

(Софија, Бугарија, 24.04.1937 – Скопје, 07.02.1995) Филмски, телевизиски и театарски актер. Професионалната кариера Шишман Ангеловски ја започна во Куклениот театар во Скопје во 1957 година. Истата година почна да настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар станува во 1959 година, каде што има одиграно преку 80 улоги. Добитник е на Наградата на Здружението на драмските уметници на Македонија, како и на неколку други признанија добиени за остварувања на филмот. Беше прогласен за Најпопуларно ТВ лице во Македонија.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.