Ацевски Стеван – Стевче

(Скопје, 21.8.1943 – ) Филмски работник. Студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград на класата за организација. Од 1965 година работи за продукцијата на „Вардар филм“. Во осумдесеттите години работи за продукцијата на „Авала филм“ – Белград, како продакшн-менаџер во копродукциите со италијански и американски партнери. Истовремено соработува и со играната (драмска) програма на Телевизија Скопје („Табакерата“ – директор на филм). По осамостојувањето на Македонија до денес, Ацевски повторно работи во „Вардар филм“, при што во еден период, 1998/99, е В.Д. Директор, а моментално е на работно место директор на филм.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.