Буклевски Нико

(Кичево, 15.10.1923 – ) Филмски работник – снимател. Уште од најраната младост се занимава со фотографија, така што по завршувањето на средното образование станува професионален фотограф. По формирањето на „Вардар филм“, на 1 септември 1948 година се вработува во оваа продуцентска куќа и по тримесечна обука ја започнува својата снимателска кариера. Од 1953 година добива статус на слободен филмски работник. Меѓутоа, намаленото филмско производство во тој период го принудува да се врати на својата првична професија, фотографијата, со којашто се занимава сè до своето пензионирање.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.