Гарванлиева Билјана

(Скопје, 1973 – Берлин, Германија, 10 септември 2016) – македонска режисерка, сценаристка и драматург. По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во 1999 година ја добива стипендијата ДААД на германската влада за студии по театрологија и филмологија на Универзитетот „Фраје“ во Берлин, каде живее и работи како самостојна авторка и режисерка. За нејзините документарни филмови има добиено бројни меѓународни награди, меѓу кои и Германската сојузна награда за филм за нејзиниот прв документарен филм „Девојчето што свири на хармоника“ (2006) и наградата за најдобар документарен филм на 16. Филмски фестивал во Сараево за документарниот филм „Шнајдеките“ (2010).

„Девојчето што свири на хармоника“ (2006) – краток документарен филм
„Девојчето што бере тутун“ (2009) – краток документарен филм
„После дождот (Сведоштва за климатските промени)” (2013) – краток документарен филм

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.