(Тетово, 30.06.1992 – ) Aнимаtor, видео и графички дизајнер.
Дипломирал деловна информатика на Универзитетот на Југоисточна Европа – UEJL, во Тетово, на англиски јазик, а магистерски студии по СтопМоушн и 2Д анимација, завршил на Интернационалниот Универзитет „Европа Прима“, во Скопје. Оваа сеопфатна образовна позадина му дала длабоко разбирање на технологијата и деловните принципи, како и широка основа во техниките на анимација, сценарио и режија. Работи на различни комплексни проекти: 2Д, Стоп-Моушн, 3Д анимации, видеа со графички движења и концепти за видео игри.
Во 2015 година ја основа компанијата „Кубикс“, а од декември 2021 година, е дел од тимот за анимација и графички дизајн на компанијата Johnson&Johnson.