(Гевгелија, 11.01.1923 – Скопје, 25.04.1995) Сценарист, режисер и писател. Гимназија завршил во Скопје. Работи како новинар во Радио Скопје. По две години преминува во тогаш новоформираното претпријатие за производство на филмови „Вардар филм“, каде по извесен период е именуван за генерален директор. Филмот станува негова животна определба и професионална преокупација. Започнува како редактор на филмските месечници и пишувач на текстови, продолжува како сценарист и режисер на документарени филмови. Во 1953 година неговиот документарец Свилен конец е прв македонски филм прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Покрај квалитетите на раководител и организатор во филмската дејност, Камберски пројавува многу богата литературна активност. Ги напишал забележливите филмски раскази: „Виденија 1“ и „Виденија 2“, романите: „Пресуда“, „Пресметка“, „Празник“ и „Колона“. Добитник е на повеќе значајни филмски и општествени награди и признанија.