Клинче Атила

(Гостивар, 30.10.1958 – ) Актер и професор. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1982 година, каде што е примен за доцент на предметот техника на говорот. Специјализирал на државниот универзитет „Хаџет Тепе“ во Анкара, а во март 2011 магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што станал магистар по културологија. Како професор работи на Факултетот за драмски уметности, каде што предава сценски говор. Работел како глумец во НУ Турски Театар во Скопје и бил директор на истиот.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.