(Скопје, 29.3.1931 – 04.12.2002) Филмски сценограф. Средно образование – архитектонски отсек завршува во Скопје. Во кинематографијата влегува во 1953/54 година кога се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје. Работи како асистент-сценограф, а продолжува како сценограф, иако понекогаш работи и како организатор, асистент на режија и директор на филм. Како пензионер, од 1988 година сè уште повремено работи на филмски проекти. За својата работа на филмот, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена за сценографија за филмот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1968), Златна плакета за сценографија за филмот СРЕЌНА НОВА ’49 на Третата смотра на југословенската сценографија, костими и музика, Младеновац (1986), како и општествените признанија 13 Ноември, 11 Октомври и други награди и признанија.
1965 Јубилејна плакета по повод 20 години Југословенска кинематографија 1966 Орден на трудот со сребрен венец 1968 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценографија / „Македонска крвава свадба“ 1976 МФФ, Карлови Вари, ЧССР, Прва награда за сценографија / „Јад“ 1978 13 Ноемвриска награда на град Скопје / „Пресуда“ 1986 ФФ, Младеновац, Златна плакета за сценографија / „Среќна нова ’49“ 1998 11 Октомвриска награда за животно дело
1958 МИС СТОН, архитект, игран, Вардар филм 1959 ДУБРОВСКИ, соработник, игран, Вардар филм – Скопје; Хеспериа филм – Рома 1964 СКОПЈЕ 63, организатор, документарен, Вардар филм, Јадран филм – Загреб ПАТ НА ЈУГ, игран, Аргентина МАЈКА ТЕРЕЗА, игран, Италија МОЈОТ ТАТКО МЕМО, игран, Германија ЈАВАЧИ НА ВЕТРОТ, игран, Франција МАЈКА ТЕРЕЗА, ТВ филм, САД