(Галичник, 1932 – Скопје, 26.01.2020) Филмски работник – тон снимател. По завршување на Вишата сојузна електростопанска школа во Скопје 1953 година се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ – Скопје, каде го минува својот работен век како тонски снимател,односно монтажер на звук. Играниот филм ВОЛЧА НОЌ и документарниот РИТАМ И ЗВУК се првите задачи на Пакоски. Филмографијата на Глигор Пакоски е обемна,својог авторски придонес го дава во 24 играни и во повеќе од 150 документарни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои, две златни арени за тон на Филмскиот фестивал во Пула, две златни плакети на Југословенскиот фестивал за документарен и краткометражен филм како и Републичките награди 11 Октомври и 13 Ноември.
1973 ФЈИФ Пула,Златна арена за тон / „Татко“ 1976 Награда 11 ОКТОМВРИ / „Австралија, Австралија“ 1976 Награда 13 НОЕМВРИ / „Селанска буна“ 1978 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за тон / „Угич“ 1979 ФЈДКФ Белград, Златен медал Белград за тон / „Голгота“, „Дае“ 1985 ФЈИФ Пула, Златна арена за тон / „Јазол“
1971 УМИР КРВИ, тон снимател, монтажа на тон, ФРЗ – Белград, Косова филм Приштина 1974 УЖИЧКА РЕПУБЛИКА тон снимател,игран, Инекс филм Белград 1975 СЕЛАНСКА БУНА (SELJAČKA BUNA), тон снимател, игран, Јадран филм Загреб, ФРЗ Белград 1978 ДВОБОЈ ЗА ЈУЖНАТА ПРУГА (DVOBOJ ZA JUŽNU PRUGU), тон снимател, игран, ЦФС Кошутњак – ООУР Авала филм – Белград 1979 ВЕТЕР И ДАБ (VETAR I HRAST), тон снимател,игран, Косово филм Приштина 1997 НОЌ, тон снимател, игран, копродукција Вардар филм, Алба филм Тирана 1998 ПЛАНЕТАРИУМ, тон снимател, документарен – целовечерен