Самоиловски Владимир

(Скопје, 1953 – ) Филмски работник – снимател. Од 1976 година работи во „Вардар филм“, најнапред како асистент-снимател а потоа снимател-швенкер. Како самостоен директор на фотографија, во играната продукција дебитира со филмот МАКЕДОНСКА САГА (1993). За овој филм е добитник на наградата за дебитант на 14-тиот Интернационален фестивал „Браќа Манаки“, како и на Бронзената камера 300 на истиот фестивал.

1993 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, Бронзена камера 300 / „Македонска сага“ 1993 ФФ „Браќа Манаки“, Битола, „Камера 300“ за најдобар дебитант на фестивалот / „Македонска сага“

1982 МАЈКА ИЛАРИЈА, снимател, документарен, Вардар филм

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.