(Приштина, 04.01.1979 – ) Во во 2004 дипломира на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески” во Скопје, на катедрата по Општа и Компаративна Книжевност. Во 2012 година дипломира на Факултетот за драмски уметности – Скопје, отсек Филмска и ТВ режија. Работел на повеќе кратки и долгометражни филмови. Во 2011 ја основа Катавеј Дооел, компанија која се занимава со продукција и дистрибуција. Компанијата е пионер во развивањето нови дистрибутивни модели во регионот. Компанијата ја има развиено Seecinema.net, портал – датабаза на сите филмови, фестивали и филмски професионалци од 13 земји од Југоисточна европа, и ја има развиено cinesquare.net. прва и единствена ВоД платформа која ги опфаќа земјите од регионот.