МЕСЕЦ ОКТОМВРИ ВО КИНОТЕКA

Разновидност – тоа е карактеристиката на филмската понуда на Кинотека за месец октомври. Зошто? Затоа што има филмови од разни кинематографии, со различни датуми кога се создадени, со различен естетски дискурс, од различни жанрови. Сепак доминира играната форма, која е и најпопуларна. Нема да погрешиме ако го издвоиме творештвото на познатиот и ценет германски синеаст Волкер Шлендорф, со кое и започнува месечната програма. Неговите први два филма, кои датираат од далечните шеесетти години од дваесеттиот век, ги имаат естетските, па и етичките карактеристики на таа декада. Во вториот филм од овој мини циклус на Шлендорф, СТЕПЕН НА УБИСТВО, музиката е во целост компонирана од Брајан Џоунс – изгубениот член на Ролинг Стоунс, кои, патем, токму сега го промовираат нивниот нов албум. Неуништливи се, нема што, повеќе од половина век. Уште еден великан на современата музика, Џими Пејџ од Лед Цепелин, ги отсвири гитарските делници на саундтракот за филмот. Кинотека се реши ова филмско патешествие да го продолжи со два унгарски филма кои имаат добар багаж со годините кога се создадени. Она што е интересно е дека филмовите се сопственост на Kинотеката, во 35 мм формат. Типично за една филмска институција, од архивски па и музејски карактер, каква што е впрочем Kинотеката. Унгарската филмска сцена од 70-тите години од минатиот век е темелно анализирана и коментирана од Дина Јорданова, ценета филмска теоретичарка во нејзината книга  „Kинематографијата на Другата Европа”, промовирана овде во Скопје, во издание на Kинотеката. Покрај филмовите кои временски се „стари” со децении, нема да изостанат ниту премиерите. Една од нив е проекцијата на последниот филм потпишан од веќе легендарните, пред сè во европски рамки, браќата Дарден од Белгија. Филмот ТОРИ И ЛОКИТА е општествен трилер кој е парабола за основните, економски, социјални и расни неправди кои се во срцето на денешното општество. Филмот имаше премиера на Канскиот фестивал во 2022 година, каде што се натпреваруваше за Златната палма, а ја освои специјалната награда за 75-годишнината на фестивалот.  Во оваа временска отсечка на гледачите ќе им биде понуден секогаш со внимание проследениот ТЕТОВИРАЊЕ на Столе Попов. Филмот се здоби со култен статус, а она што му дава специфичност е тоа што многу реплики од него се употребуваат во скопскиот жаргон на говорење со години. Во содржината на октомвриската кино програма се и два наши филма со ептен тазе датуми на создавање. Станува збор за филмовите М на Вардан Тозија и ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ на Марјан Гавриловски.

За крајот на вториот есенски месец, кинотеката ќе ги однесе гледачите во еко сферата, со Фестивалот на планински филм. Анимираниот кино-свет ќе биде прикажан во селекцијата на избрани наслови од архивата на Загреб филм. Филмофилите добро паметат дека од таа школа е Душан Вукотиќ, првиот југословенски добитник на наградата Оскар. Со тоа ќе заврши уште една богата месечна понуда на филмови. Се гледаме во кино просториите на Кинотека.

 

ПРОГРАМА СЕПТЕМВРИ 2023

2 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
3 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
4 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

ДЕЦАТА НА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ
(Other People’s Children / Les enfants des autres)
Игран филм, Франција
2022, 103 мин., колор, ДЦП
Режија: Ребека Злотовски (Rebecca Zlotowski)
Сценарио: Ребека Злотовски (Rebecca Zlotowski)
Улоги: Вирџини Ефира, Рошди Зем, Кјара Мастројани (Virginie Efira, Roschdy Zem, Chiara Mastroianni)

Рејчел (играна од Вирџини Ефира) е среќна, 40-годишна сингл учителка која го сака својот живот, пријателите, работата, па дури и бившите. Размислува да има дете, но не очајува поради тоа.
Кога Рејчел го запознава шармантниот разведен Али (Рошди Зем), таа паѓа не само на него, туку и на неговата мала ќерка Лејла. Бидејќи нештата напредуваат брзо во оваа нова семејна динамика, Рејчел мора да се бори со некои комплицирани чувства околу мајчинскиот копнеж и стравот да не го пропушти она што таа го опишува како „колективно искуство“ на мајчинството
Петтиот филм на Ребека Злотовски, кој беше премиерно прикажан во официјалната конкуренција на филмскиот фестивал во Венеција во 2022 година, е трогателен и преиспитувачки портрет на колебливите чувства на една жена околу мајчинските инстинкти и општествените притисоци.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

2 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
3 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
4 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ПРАЗНИК НА ТРУДОТ


Игран филм, Босна и Херцеговина /Србија / Хрватска / Македонија
2022, 113 мин., колор, ДЦП
Режија: Пјер Жалица (Pjer Žalica)
Сценарио: Пјер Жалица (Pjer Žalica)
Улоги: Мухамед Хаџовиќ, Емира Хаџихафизбеговиќ, Адмир Гламочак (Muhamed Hadžović, Emir Hadžihafizbegović, Admir Glamočak)

По десет години поминати во Германија, Армин во глуво доба на ноќта доаѓа во Босна. Првомајски празници се, само што се оженил и сака да го изненади татко си Фудо. Не го наоѓа дома. Загрижен е. Од соседите дознава дека Фудо е уапсен, без да се знае зошто. Утредента, од весниците дознава дека е осомничен за воено злосторство во деведесеттите. Во маалото се јавува немир: дали е возможно Фудо да бил воен злосторник? Армин го моли за помош инспекторот Гагула. Тој договара средба на таткото и синот која поради банален инцидент пропаѓа и сè се одложува за утредента. Но, во текот на таа ноќ, Фудо се обесува. Самоубиството ги разгорува несогласувањата во маалото: зошто би се убил ако не е виновен? Армин мора да дознае што се случило. Гагула му помага. Местото на злосторството го пронаоѓаат во запалената куќа над градот. Од сведоците дознаваат дека Фудо тука случајно се затекол кога снајперот ранил дете. Во хаосот што настанува, успеале да го елиминираат снајперистот, но настрадало и целото негово семејство, a снајперската пушка никогаш не била пронајдена. Тоа го измачува Армин. Се обидува да ја пронајде со помош на Гагула.
Пијаното маало расправа за вината на Фудо. Кавгата прераснува во тепачка, а тепачката во срам.
Армин наместо пушка наоѓа шише ракија, според стариот обичај закопано вземи по раѓањето на синот, со намера да се откопа за неговата свадба, која тој не ја дочекал. Армин се враќа во Германија носејќи го со себе тоа шише ракија, како тежок потсетник какви последици носат омразата и војната.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

6 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

СТЕПЕН НА УБИСТВО
(Mord und Totschlag / Degree of Murder)
Игран филм, Германија / Франција
1967, 87 мин., колор, ДЦП
Режија: Волкер Шлондорф (Volker Schlöndorff)
Сценарио: Волкер Шлондорф, Грегор вон Резори, Никлас Франк, Арне Бојер (Volker Schlöndorff, Gregor von Rezzori, Niklas Frank, Arne Boyer)
Улоги: Анита Паленберг, Ханс Питер Халваш, Манфред Фишбек (Anita Pallenberg, Hans Peter Hallwachs, Manfred Fischbeck)

Врската помеѓу младата келнерка Мари и нејзиното момче Ханс се распаѓа. По една караница, во која Ханс ќе сака да ја прекине врската со Мари, но ќе се обиде да ја силува, таа ќе пука во него и ќе го убие. Трауматизирана и дезориентирана, Мари ќе се запознае со Гинтер и му го признава своето злосторство, молејќи го за помош. Привлечен од финансискиот надоместок кој Мари му го ветува, тој се согласува. Заедно ќе позајмат автомобил од гаражата каде што работи Гинтер, и со Мари ќе го завиткаат трупот на Ханс во тепих. Заборавајќи на убиството и трупот оставен во автомобилот, Мари, Гинтер и Фриц (пријателот на Гинтер) – ќе заминат на едно безгрижно патување со цел да се ослободат од телото на градилиштето на новиот автопат.
Вториот долгометражен филм на Шлондорф СТЕПЕН НА УБИСТВО, по неговото славно деби со МЛАДИОТ ТЕРЛЕС (Der junge Törless, 1966), не успеал да го постигне истиот успех. Гледајќи го од оваа временската дистанца, низ него можеме одново да ги проследиме постапките, темите и интересите на Новиот германски филм чиј централен наративен пресек ги третира темите на насилство, силување и одмазда.
Целата музика во филмот е компонирана, аранжирана и продуцирана од Брајан Џонс од „Ролинг Стоунс“, а како изведувачи на музиката се појавуваат и Џими Пејџ на гитара, Ники Хопкинс на пијано, Кени Џонс на тапани и Питер Гослинг.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

7 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.

АСТЕР ФЕСТ

 

ИВАЛУ

ИВАЛУ на Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен (Данска), краток игран филм, номиниран за Оскар и добитник на „Златна потковица“ (Гран При) на „Астерфест“
(IVALU by Anders Walter & Pipaluk K. Jørgensen, 2023, Denmark, 17’)

Ја нема Ивалу. Нејзината помала сестра очајно ја бара. Нејзиниот татко не презема ништо. Бескрајната гренландска природа крие тајни. Каде е Ивалу?

 

ЕЖ

ЕЖ на Д. Митри (САД), краток игран филм, добитник на „Сребрена потковица“ на „Астерфест“

(HEDGEHOG by D. Mitry, 2022, USA, 17’)

Кога започнува војната во Украина, шестгодишната Нина е пратена во едно далечно село, кај баба ѝ. Надвор, до куќата, Нина открива тешко ранет руски војник.

ШТИПЕЊЕ

ШТИПЕЊЕ на Еми Патмор и Ана Дворжак (Австралија), краток игран филм, добитник на „Бронзена потковица“ на „Астерфест“

(PINCH by Aimee Patmore & Anna Dvorak, 2023, Australia, 9’)

Ученичка во последна година од средното училиште се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството.

 

ИРСКО ЗБОГУМ

ИРСКО ЗБОГУМ на Том Беркли и Рос Вајт (Велика Британија), краток игран филм, добитник на Оскар и добитник на Специјална награда на „Астерфест“

(AN IRISH GOODBYE by Tom Berkeley & Ross White, 2022, UK, 23’)

На фарма во рурална Северна Ирска, отуѓените браќа Турлог и Лоркан се принудени да се зближат по прераната смрт на нивната мајка. Но кога двајцата ќе го откријат неостварениот список на желби на нивната покојна мајка, нивното болно зближување добива поинаква насока.

 

9 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПЕТТИОТ ПЕЧАТ
(Az ötödik pecsét / The Fifth Seal)
Игран филм, Унгарија
1976, 111 мин., колор, ДЦП
Режија: Золтан Фабри (Zoltán Fábri)
Сценарио: Золтан Фабри, Ференц Санта (Zoltán Fábri, Ferenc Sánta)
Улоги: Лајош Озе, Ласло Маркус, Ференц Бенже, Шандор Хорват, Иштван Деги, Золтан Латиновиц, Габор Наѓ (Lajos Öze, László Márkus, Ferenc Bencze, Sándor Horváth, István Dégi, Zoltán Latinovits, Gábor Nagy)

ПЕТИОТ ПЕЧАТ е филмска приказна која се случува во Втората светска војна. За време на полицискиот час, четворица пријатели се собираат во локалната празна крчма како што тоа честопати го прават за да испијат по некое пиво. Тоа се уличниот продавач, столарот, часовничарот и сопственикот на крчмата (на кои привремено им се придружува фотограф – воен ветеран). Нивната дружба трае во текот на ноќта, а повремено се слушаат одеци од војниците што маршираат. Постепено нивниот муабет се претвора во филозофска расправа за прифатливите причини да се појде во војна.
Фабри во овој филм, кој изобилува со извонредна фотографија, интересно ги вметнува и референците кон познатите слики на телесни страдања од Хиеронимус Бош кои ја одбележуваат филмската приказна. ПЕТТИОТ ПЕЧАТ е добитник на повеќе награди, меѓу кои Златната награда на Московскиот филмски фестивал, а бил дел и од програмата на 27-то Берлинале.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 200 денари

 

 

 

 

 

10 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ВЕРИНОТО ВОСПИТУВАЊЕ
(Angi Vera)
Игран филм, Унгарија
1978, 96 мин., колор, 35мм
Режија: Габор Пал (Gábor Pál)
Сценарио: Габор Пал, Ендре Веси (Gábor Pál, Endre Vészi)
Улоги: Вера Пап, Ержи Пастор, Ева Сабо (Vera Pap, Erzsi Pásztor, Éva Szabó)

Филмската приказна во АНГИ ВЕРА на Пал Габор се случува во 1948 година, годината на таканаречената амалгамација, присилната соработка на сите либерални партии под комунистите. Главниот лик е младата медицинска сестра Вера Анги, сираче со потекло од работничката класа, која во еден момент се побунува против ужасните хигиенски услови во болницата каде работи. Непосредно потоа таа ќе биде „избрана“ да добие специјална политичка обука. Вера идеално се вклопува она што комунистичката партија сака да ги промовира – млада, но со желба да учи и секогаш подготвена да се покори. Вера, живеејќи во таа нова средина, набрзо ќе сфати дека мора да се осудат и да се пријават оние кои политички застраниле. Тој идеал за неа ќе биде толку силен што дури ќе го предаде и женетиот колега со кого е во вонбрачна љубовна врска. Сепак, Вера на таа обука доживува преобразба, од жена која се бори за подобро утре ја губи своја чувствителност во корист на целосната посветеност кон партијата. Со цел да стане добар пример за углед на системот, таа се приклонува кон општествениот конформизам.
Филмот на Пал Габор, АНГИ ВЕРА, со право може да се рече дека еден вид психолошки филм за
градење на индивидуата во тоталитарниот систем. Ако се појде од фактот дека низ филмот постојано се истакнува навраќањето кон детството и преиспитување на сексуалноста, тогаш филмот е веродостојна критика на политичките системи, или како што би рекла Дина Јорданова, „на крајот го осудува општеството што ја претворило протагонистката во политички коректно чудовиште“. Кинематографер е Лајош Колтај, чии избори на динамично движење од гро-планови кон масовни сцени, како и мрачните ентериери и зимски амбиенти, сосема верно ја надополнуваат приказната и ја доловуваат промената во личноста на Вера Анги под притисокот на општествената придушеност во која ќе се најде таа.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари

 

12 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
19 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ТОРИ И ЛОКИТА
(Tori et Lokita)
Игран филм, Франција / Шпанија / Германија / Португалија
2023, 88 мин., колор, ДЦП
Режија: Жан-Пјер Дарден (Jean-Pierre Dardenne,) Лук Дарден (Luc Dardenne)
Сценарио: Жан-Пјер Дарден (Jean-Pierre Dardenne,) Лук Дарден (Luc Dardenne)
Улоги: Мбунду Жоели, Албан Укај, Тијмен Говаертс, Шарлот Де Брујн, Надеж Уедраого (Mbundu Joely, Alban Ukaj, Tijmen Govaerts, Charlotte De Bruyne, Nadège Ouedraogo)

Откако го преживеале опасното патување од Западна Африка, Тори и Локита живеат во Белгија. Тие создаваат блиска врска и се преправаат дека се брат и сестра за да ги обезбедат документите на Локита. Очајно им требаат повеќе пари, работат разни работи, па дури и продаваат дрога, но набрзо работите излегуваат од нивна контрола.
Последниот филм на двократните добитници на канската Златна палма, браќата Жан-Пјер и Лук Дарден, ТОРИ И ЛОКИТА лесно може да се вклучи во најдоброто од нивната импресивна филмографија. Тоа е општествен трилер кој е парабола за основните, за економските, за социјалните и за расните неправди кои се во срцето на денешното општество. Филмот имаше премиера на Канскиот фестивал во 2022 година, каде што се натпреваруваше за Златната палма и каде ја освои специјалната награда за 75-годишнината на фестивалот.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

12 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч

ТЕТОВИРАЊЕ
(Tattoo)
Игран филм, Македонија
1991, 132 мин., колор, 35 мм
Режија: Столе Попов
Сценарио: Мирко Ковач
Улоги: Мето Јовановски, Александар Чамински, Данчо Чевревски, Кирил Поп Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Јовица Михајловски

Приказната се случува во летото 1989 година за време на умирањето на комунизмот – последниот голем човеков заговор кон Бога. Илија (Јовановски) како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот, па по една караница со сопругата го напушта домот со единственото нешто што го поседува, празниот куфер. Сакајќи да најде малку мир, оди на железничката станица, каде што им станува сомнителен на двајца полицајци – и, поради некои причини, познати само ним, тие го апсат. Во истражниот затвор Илија, заедно со неколкумина други уапсени во истиот ден, се третирани како криминалци. Илија, свесен за својата невиност, не може да се согласи со тоа и со право очекува да биде ослободен, меѓутоа истражната постапка се оддолжува, и тој се соочува и ги преживува сите „финеси“ на затворското живеење во кое, покрај присилата од затворските чувари, затворениците се изложени и на уште една, на свој начин дури и посурова тортура од страна на закоравените криминалци…
ТЕТОВИРАЊЕ имаше голем успех во земјата и на меѓународен план, со текот на времето стана култен филм. Некои реплики од филмот беа употребувани во скопскиот жаргон со децении.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари

 

14 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20:00 ч

ПАСАЖИ – 2006
„Пасажи“ е визуелна оркестрација слична на музиката, направена во речиси целосно апстрактна форма, иако целиот материјал е снимен со камера, сликите на екранот честопати се непрепознатливи и многу апстрахирани.
Структурата на делото е составена на начин поврзан со музиката, со повторливи мотиви, пасуси со различни темпо, движењата се формирани за да обезбедат траекторија низ времето.
„Пасажи“ е филм, медитација за процесот на прифаќање на суровата реалност на животот – и за мене и за мојата ќерка.
Клара беше киднапирана од нејзината мајка од нашиот дом во Рим на 1 ноември 2000 година и по многубројните судски рочишта во Португалија, каде корупцијата беше транспарентна(видлива) како што стана во Америка, и покрај хроничните прекршувања на нејзиното незаконски стекнато право на старателство, Клара беше предадена на нејзината мајка, која подоцна, со премолчена поддршка на судовите за малолетници во Португалија, го блокираше секој контакт меѓу Клара и мене – таткото кој ја воспитуваше речиси сама 3 и пол години. „Пасажи“ се однесува на ова без гнев и е повеќе чин на тагување за дете отколку „филм“.
Тој е меѓу моите дела единствен по тоа што е речиси целосно апстрактен и според мене е еден од моите најдобри филмови, без никакво прашање.

Концепт, камера, монтажа и звук: Џон Џост

 

15 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч

Доаѓање до условите –  (2006)

Поставен  како фикциска приказна, “Доаѓање до условите” е размислување за смртта и нејзиниот психолошки влијание врз скршеното и поделено семејство. Неговата формална структура е далеку од нормалното раскажување приказни во кино.

Продуцент, сценарист, режисер, монтажер, кинематографер: Џон Џост

Играат: Џемс Бенинг, Кетрин Санела, Сетфен Тејлор, Роксан Роџерс и Рајан Харпер Греј

 

 

 

 

 

 

20 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.
21 ОКТОМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
27 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.
28 ОКТОМВРИ (САБОТА) 18:00 ч.

ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ
(Te dua, I Swear )
Игран филм, Македонија
2023, 124 мин., колор, ДЦП
Режија: Марјан Гавриловски (Marjan Gavrilovski)
Сценарио: Никола Кузелов (Nikola Kuzelov)
Улоги: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова (Nikola Kuzelov, Atanas Atanasovski, Valentin Vidovikj, Angela Stojanovska, Senko Velinov, Toni Mihajlovski, Igor Dhambazov, Ismail Kasumi, Mirsad Ibazi, Mimi Tanevska, Vlado Jovanovski, Firdaus Nebi, Eldin Shiroki, Nadica Petrova, Ruish Begovska, Talija Nastova)

Маалски џанак, коцкар и армоникаш, трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија, стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа несекојдневни ликови.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

24 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 17:00 ч.
25 ОКТОМВРИ (СРЕДА), 17:00 ч.
26 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
26 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
27 ОКТОМВРИ (ПЕТОК), 20: 00 ч
28 ОКТОМВРИ (САБОТА), 20: 00 ч

30 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

30 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
31 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) , 18:00 ч.

31 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) , 20:00 ч.

М
(М)
Игран филм, Македонија / Хрватска / Косово / Франција / Луксембург
2022, 96 мин., колор, ДЦП
Режија: Вардан Тозија (Vardan Tozija)
Сценарио: Вардан Тозија (Vardan Tozija),
Улоги: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Борис Дамовски, Благој Веселинов, Жаклина Петровска, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Јасмина Билаловиќ, Сабина Ајрула, Владимир Тулиев (Matej Sivakov, Sashko Kocev, Aleksandar Nichovski, Kamka Tocinovski, Toni Mihajlovski, Bojana Gregorić Vejzović, Boris Damovski, Blagoj Veselinov, Zhaklina Petrovska, Oliver Mitkovski, Miroslav Petković, Jasmina Bilalović, Sabina Ajrula, Vladimir Tuliev)

Во зафрлена шума малиот Марко живее под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средба со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Како што му расте љубопитноста, Марко копнее да ги открие тајните што се кријат зад границите на дивината. Суров сплет на околности му ја исполнува желбата порано одошто очекува. Го чека тешко патување, исполнето со непознати опасности и можност да види еден засекогаш променет свет.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари

 

24 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
25 ОКТОМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
26 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ФЕСТИВАЛ НА ПЛАНИНСКИ ФИЛМ