Пожар предизвикан од нитратни филмови во Винсен (Франција) 2020 година

Нитратната лента во светската кинематографија се користела од појавувањето на филмот во 1895 година до 1950-тите години на 20 век, а во технолошко неразвиените земји и до 60-тите години кога е заменета со ацетатната. Нитратниот филм иако се покажал како поквалитетен и временски потраен од ацетатниот, единствената мана е неговата исклучителна запаливост. Хемиските својства на нитратниот филм и стареењето предизвикуваат лентата да се самозапали и на температури пониски од 40˚C, а во текот на согорувањето се ослободуваат отровни гасови. Нитратниот филм гори многу бргу и развива температура од 1300˚C до 1500˚C. Кога нитратната лента ќе се запали, огнот не може да се изгаси, затоа што нитратната лента содржи доволно кислород кој овозможува горење и без присуство на воздух.Во случај на зафатеност на пожарот на поголема количина, постои ризик одформирање на мешавина на гас што предизвикува експлозија.Дваесет тони нитратни филмски лентиможе да изгори за три минути. Затоа, објектите за чување и заштита на нитратни филмови мора да бидат независни згради надвор од градска средина, индустриски дел, изградени наземјена основа од огноотпорни градежниматеријали и заштитени одсончева светлина и зрачење. Во историјата на употреба и чување на нитратната филмска лента забележани се многу спонтани пожариво тек на проекции, ракување или несоодветно чување.

Во ерата на дигиталната технологија кога мислевме дека проблемите за чување и заштита на нитратната филмаска лента се надминати, Извршниот комитет на Меѓународната федерација на филмски архиви (ФИАФ), неодамна дознал за судска пресуда на францускиот суд, за пожарот со нитратни филмови кој предизвикал смрт на две лица во предградието на Париз, летото 2020 година. Трагедија била резултат на невнимателно сместување и чување на ролни со нитратни филмови, во подрум на станбена зграда, од страна на еден од најпознатите личности на архивската заедница, Серж Бромберг, основач и шеф на Lobster Films.

ФИАФ смета дека непочитувањето на основните правила за зачувување на филмот во овој случај очигледното непочитување на најосновните правила за чување на филмот, особено несовесниот начин на сместување на нитратот во станбена зграда, со драматичните последици, може да има само штетни ефекти врз јавната перцепција за архивирањето на филмови како нешто инхерентно „опасно“. Оттаму, Извршниот комитет ФИАФ ги повикувa сите чувари на светското наследство со подвижни слики – филмски архиви, приватни субјекти и индивидуални колекционери, внимателно да се погрижат нитратните филмови да бидат сместени и чувани во соодветна архивска средина, според строго пропишани стандардни услови и заштита, а со нив да ракуваат самообучени професионалци.

Изјавата на ФИАФ за пожарот со нитрати во Винсен (Франција), на следниот линк – https://www.fiafnet.org/pages/Community/FIAF-statement-2023-02.html