5 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ
(Manaki – Story in Pictures)
Премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки и отворање на изложба на реставрирани фотографии од опусот на Браќата Манаки

Документарен филм, Македонија
2017/2018, 70 мин., црно-бел/колор, ДСП
Режија: Роберт Јанкулоски
Сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски
Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст.
Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

