1905

Започнува креативната историја на филмот во Македонија. Според сеќавањата на Милтон Манаки, Јанаки ја купува филмската камера „Bioscope“ Но.300 производство на Charles Urban Trading Co. Со таа камера во родната Авдела браќата ги снимаат првите „живи слики“ не само во Македонија, туку и на Балканот. За навек ќе останат забележани: нивната 114 години стара баба Деспина, жени како сноват и училишен час на отворено.

Браќата Јанаки и Милтон Манаки го преселуваат својот фотографски дуќан од Јанина во Битола и на „Широк сокак“ го отвораат познатото „Ателје за уметничка фотографија“.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.