Бебето

Република Северна Македонија 2019 15 мин Колор Звук драма Краток игран филм Дигитална технологија

Време е на војна и млад брачен пар, со мало бебе, е затворен во својот стан, без храна и млеко. Се соочуваат со голем страв, откако во нивниот стан очекуваат во секој момент да упадне војската. Непрестаното плачење на бебето, уште повеќе ја отежнува атмосферата. Сакаат да го напуштат станот, но се плашат бидејќи нивното гладно бебе постојано плаче, и не се осмелуваат.
Оваа наративна линија се протега низ целиот тек на филмот, а во последната секвенца се прикажуваат нозете на припадниците на српската жандармерија, кои влегуваат во една од собите на станот каде лежи бебето. Брачниот пар во тие тешки и неизвесни моменти се кријат на балконот од станот и се надеваат дека нивното бебе ќе биде поштедено од убиство. Нивното бебе го наоѓаат живо, по што следи силно плачење на таткото поради помислата за ескапизам и напуштање на нивното бебе.

Напишано од Арсим Љесковица

Асистент на режија Идризи Леотрим
Директор на фотографија Љута Халим
Монтажа Љута Фехми
Продуцент Љута Халим
Режија Аполони Бен
Сценарио Аполони Бен

Настапуваат : Бунјаку Фатлуме, Касуми Исмаил, Мустафа Сами, Османи Абдула, Кучи Вулнет, Рамадани Рахим
Филмот е реализиран со средства од Агенција за филм Р. С. Македонија.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.